5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEADS ги намалува трошоците и бројот на работни места

EADS ги намалува трошоците и бројот на работни места

eads1

Најголемата европска воздухопловна корпорација „EADS“ планира да ги намали трошоците и бројот на работни места во секторот за воена опрема, а реструктуирањето би требало да биде завршено до крајот на јули следната година.

„Ќе преземеме тешки мерки. Одлуката сеуште не е донесена, но не можеме да го избегнеме намалувањето на трошоците и бројот на работни места“, изјави извршниот директор на корпорацијата, Томас Ендерс.

„Сакаме да останеме во сегментот на воената опрема, но значително ќе ја зголемиме профитабилноста и конкурентностa на тој сектор. Меѓутоа, проблем се и понатака слабите изгледи за воeната опрема и воздухопловството“, истакна тој.

Корпорацијата, според него, ќе настојува супер џамбо А380 да ги направи попривлечни за клиентите, со оглед на слабата продажба. Сепак, и понатака е реално да се очекува дека програмата ќе стане профитабилна дури во 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП