10 мај, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Hyundai“ слави јубилеј: 20 години популарниот „SUV“ се продава во Европа

„Hyundai“ слави јубилеј: 20 години популарниот „SUV“ се продава во Европа

„Hyundai“ најави специјално издание „Tucson“ во чест на 20-годишното производство на овој теренец за да прослави две децении успех на европскиот пазар.

Четвртата генерација на „Tucson“ може да се пофали со подобрен дизајн, иновативна технологија и подобрен целокупен пакет.

Годишниното издание излегува од производствената линија со, до сега, опционални дизајнерски елементи – како стандардна опција.

Специјалната верзија ќе биде достапна во карактеристичната нова боја на каросеријата „Pine Green Matte“ и со нов внатрешен пакет во боја – црна кожа и текстилен велур со шиење „Pine Green“.

Теренецот ќе има 19-инчни алуминиумски тркала со специјален сатен темно сив финиш, црни облоги на прозорците (DLO) и црни куќишта на ретровизорите.

Исто така, има некои посебни карактеристики: логото на 20-тиот роденден ќе биде на предниот дел на потпирачите за глава и на праговите, а значката за 20-годишнината ќе биде исто така на задната врата.

Производството на јубилејното издание на „Tucson“ ќе започне во август во фабриката на „Hyundai“ во Чешка, без ограничување на бројот на произведени единици. Специјалното издание ќе биде достапно на сите западноевропски пазари.

По 20 години успех во Европа, „Hyundai“ ќе се обиде да го одржи „Tuscon“ конкурентен на континентот во иднина, велат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП