5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНовиот аеродром во Дубаи е најголемиот во светот

Новиот аеродром во Дубаи е најголемиот во светот

al maktoaka

Започна со работа аеродромот „Al- Maktoum International“ во Дубаи, кој воедно ќе биде и најголемиот во светот, кога ќе биде завршен. Првиот патнички авион кој слета на супер-луксузниот аеродром беше на „Wizz Air“, со лет од Будимпешта.

Во четврток почнува со редовните летови и на нискобуџетната „Jazeera Airways“ од Кувајт. Националниот превозник на Бахреин „Gulf Air“, пак ќе почне со летови на 8-ми декември. За сега нема други авиокомпании кои ќе го користат новиот аеродром.

Инаку овој аеродром се наоѓа на само 50 километри од меѓународниот аеродром во Дубаи, кој е еден од најпрометните во светот. Пол Грифитс, директорот на „Dubai Airports“, е убеден дека во наредните месеци ќе се склучат договори со уште компании.

al-maktoum-international

Во 2012-та година аеродромот во Дубаи услужи 57 милиони патници. Тој се наоѓа на крстопат помеѓу Западот, Азија и Австралија. Новиот аеродром „Al- Maktoum International“ е отворен за товарни летови од 2010-та година. Кога ќе биде завршен ќе има 5 писти и ќе може да опслужува 160 милиони патници и 12 милиони тони стока годишно.Во близина се наоѓа и едно од најпрометните пристаништа.

Овој аеродром нема да го замени веќе постоечкиот аеродром во Дубаи, туку двата ќе работат заедно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП