25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузен дизајн на бањи (фото)

Луксузен дизајн на бањи (фото)

ba1

Доколку сакате бања која добро изгледа и прави да се чувствувате релаксирано, посветете доста внимание на нејзиниот дизајн…

Дизајнот на бањите кој е овде претставен варира и претставува различни трендови, погодни за многу вкусови. Додавањето на префинета и луксузна када во вашата бања е многу едноставен потег, а ќе го промени целиот амбиент.

Кадите можат да бидат направени од различни материјали и можат да бидат дел од посебен концепт или елемент кој постои сам за себе и претставува централна точка во просторијата. Доколку имате пространа бања, постојат многу начини да ја направите единствена, а наш совет е додавање на луксузна када во која ќе се релаксирате по крајот на напорниот ден, а тоа со текот на времето, веруваме, ќе стане омилениот дел од вашиот живот или дневна рутина.

Во текот на понатамошниот процес на креирање на вашата бања, како нов и луксузен простор, ви предлагаме нов мебел од дрво, бидејќи дрвото во комбинација со нежни бои како што е белата, изгледа многу елегантно, префинето и богато.

Керамичките плочки со разни шаблони додаваат впечаток на стилот на вашата бања. Исто така, основниот декор кој се користи и во остатокот од куќата, совршено и лесно се вклопува и во вашата бања. Деталите како што се завеси, теписи, елегантно осветлување или дури и цвеќиња, ќе го променат просторот на обичната бања во ваша мала приватна оаза.

ba2

ba3

ba4

ba5

ba6

ba7

ba8

ba9

ba10

ba11

ba12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП