18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Загреб – Хрватскиот портал Index.hr забележува на владата во Загреб што одат по светот во потрага по странски инвеститори кои Србија вешто ги привлекува. Во текстот под име Србија на Хрватска ќе ги проголта инвестициските проекти, популарниот загрепски портал го наведе како пример ГИТЕКС, еден од најголемите саеми на електроника, одржан минатата недела во Дубаи, каде земја партнер беше токму Србија. Директорот на српската државна Агенција за странски инвестиции и промоција на извоз СЕПА, Божидар Лаганин доволно јасно порача какво е значењето на ова партнерство. – Како што пред неколку години со Фијат направивме инвестициски бум, на чиј бран во Србија дојдоа над 150 компании од автомобилскиот сектор и го зголеми нашиот извоз до најдобар резултат во историјата на земјата, така сега се трудиме сличен инвестициски бум да направиме и на проектот Мубадале.

Загреб – Хрватска сака да ја продлабочи соработката со Кина и да стане влезница за кинеските инвеститори во Европа, изјави хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ. Наспроти географската оддалеченост и разликите во населението, билатералните односи меѓу Хрватска и Кина се одлични, рече Јосиповиќ во интервју за Глобал тајмс, кинески весник на англиски јазик. Меѓутоа, Јосиповиќ призна дека стопанската соработка не е толку добра каква што би можела да биде. Хрватска мора да се промени за да ја прилагоди својата економија кон Европската унија и да може се повеќе да се концентрира на Европа, но темелите за подобра стопанска соработка со Кина постојат, оценува Јосиповиќ. Тој призна дека Хрватска не била посебно успешна во привлекување на странски инвеститори и изјави дека приоритет на хрватската влада ќе биде олеснување на постапките за добивање на виза за кинески државјани кои доаѓаат во Хрватска.

Париз, Будимпешта – Унгарија во периодот од 2014 до 2020 година дупло ќе ги зголеми капацитетите за производство и преработка на шампињони. Така годишното производство од сегашните 25.000 тони во просек ќе достигне 50.000 тони, а проектот ќе овозможи отварање на уште 5.000 работни места, соопшти унгарското Министерство за рурален развој. Во цел за реализација на овој проект, кој годишно ќе донесува приход во износ од околу 20 милиони фунти (67.000 евра), Министерството ќе отвори 60 нови погони за производство и преработка на печурки. Околу 50 отсто ова производство ќе биде наменето за извоз.

Токио – Компанијата Тојота ширум светот продаде 7,41 милион возила во првите девет месеци и со тоа и покрај незначителниот раст во однос на ланската година ја задржа водечката позиција според бројот на продадени возила пред Генерал моторс. Генерал моторс од Детроит соопшти дека во периодот од јануари до септември продал 7,25 милиони возила, што е за 4,6 отсто повеќе од претходната година. Тојота соопшти дека во однос на ланската година продажбата ја зголемила за 0,1 отсто.

Тел Авив, Газа – Затворањето на тунелите кои беа користени за шверц на стока во појасот Газа предизвика тој регион годишно да губи месечно 230 милиони долари, соопшти еден претставник на Хамас. – Затворањето на тунелите предизвика загуби во областа на индустријата, трговијата, земјоделието, транспортот и изградбата – рече Хатам Овеида, заменик министер за економија во појасот Газа со кој владее исламистичкиот Хамас. Основната стока со години се шверцува од Египет во појасот Газа низ тунели прокопани под границата.

Швајцарија – Многу швајцарски банкари се плашат да патуваат во странство, поради тоа дека надвор од границата на својата земја можат да бидат уапсени поради даночни измами, пишува Дојче веле. Банкарите најмногу се плашат од пат во САД, бидејќи американските власти покренаа истрага поради сомневање дека банкарите во Швајцарија помагале на американски државјани да ги сокријат своите пари од даночните власти. Швајцарскиот весник Матин Диманч објави интервју со Мартин Навило, претседател на швајцарско-американската Трговска комора, по инцидентот во Италија, каде е уапсен швајцарскиот поранешен директор на УБС банката Раул Вејли (54). – Според мене, околу 1.000 швајцарски банкари не се одлучуваат да патуваат во САД или било каде надвор од државата – изјави за весникот Мартин Навил.

Москва – Рускиот производител на дијаманти Алроса продаде 16 отсто акции за 1,3 милијарди долари во рамки на најголемата иницијална јавна понуда ИПО во историјата на Московската берза. Странци биле купувачи на 80 отсто акции, а заменик премиерот на Русија Игор Шувалов рече дека најголемите инвестициски фондови Опенхајмер и Лазард купиле повеќе од 2 отсто акции секој. Освен нив, според него во купувањето активно учество земал и Рускиот фонд на директни инвестиции РФП, кој успеа да привлече многу странски инвеститори. Во компанијата која управува со фондовите Опенхајмер имаат искуство со инвестирање во секторот за добивање на дијаманти. До август 2012 година семејството Опенхајмер поседувало 40 отсто акции од корпорацијата Де Беерс, главен конкурент на Алроса.

Брисел – Европската унија донесе одлука, до септември идната година од продажба да се повлечат сите правосмукалки кои имаат сила поголема од 1.600 вати. Популарните модели на правосмукалки кои милиони граѓани ги користат во своите домови наскоро ќе бидат редизајнирани и земенети со еколошки помалку штетни модели со намалена способност од тепихот да ја извлечат нечистотијата. Брисел оваа одлука ја објасни со желба да го намалат загадувањето на животната средина, а дека мислат сериозно сведочи и планот во следните три години од употреба да се исфрли цела опрема за чистење чија сила надминува 900 вати. Силата на правосмукалките кои народот ги купува многу ги надминува препораките на Европската унија, па во домаќинствата ширум Европа, меѓу апаратите за чистење, најмногу се апарати од 2.000 вати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП