Американскиот производител Ram се откажува од својот пикап „1500 Classic“. Работата е во тоа што концернот „Stellantis“ го прекинува производството на 5,7-литарскиот HEMI V8 мотор што ја придвижува оваа верзија, така што пензионирањето на пикапот е неизбежно.
Во овој случај, станува збор за моделот од четвртата генерација, кој се произведува паралелно со петтата генерација на „Ram 1500“ од 2019-та година. Така, моделската 2024 година ќе биде последна за класичниот пикап.
„Ram 1500 Classic“ остана во употреба речиси 15 години. Служи како буџетска алтернатива на модерните пикап камиони со целосна големина. Сепак, модернизирањето на толку стара платформа за да одговара на „Hurracane inline“ 6 моторот што го замени HEMI V8 би било премногу скапо за „Stellantis“. Така, концернот на крајот решил целосно да се откаже од моделот кој веќе е симнат од производната лента.
Што се однесува до гореспоменатиот мотор „Hurracane“, тој е 3.0-литарски 6-цилиндричен агрегат кој е достапен во петтата генерација на „Ram 1500“.
Веќе е познато дека иднината на „Ram“ пикапите е само електрификација. Во втората половина од оваа година на пазарот ќе се појави 1500 REV на батерии, а ќе има и хибридна верзија со V6 мотор како „продолжувач на опсегот“.