19 април, 2025
ПочетнаСВЕТЗемјотрес со јачина од 7,1 степени го погоди западниот дел на Јапонија,...

Земјотрес со јачина од 7,1 степени го погоди западниот дел на Јапонија, издадено предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди југозападниот дел на Јапонија во четвртокот, предизвикувајќи предупредувања за цунами, јави јавната телевизија NHK, но засега нема знаци за поголема материјална штета.

NHK претходно објави дека земјотресот бил со прелиминарна магнитуда од 6,9 степени.

Властите издадоа предупредувања за цунами високо еден метар за брегот на Тихиот Океан на западните острови Кјушу и Шикоку, објави NHK.

Американскиот институт за геофизика (USGS) соопшти, како што пренесува агенцијата АФП, дека е регистриран првиот земјотрес со јачина од 6,9 степени, а по него следел уште еден со јачина од 7,1 степени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП