16 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да го преживеете лошиот ден

Како да го преживеете лошиот ден

bad1

Еден ден сте одлично расположени и се оди по планот, а веќе другиот ден цел свет ви се руши.

Сите имаме подеми и падови. И така секој ден, еден ден на врвот, а друг ден на дното. Еден од најдобите совети е да не носите важни одлуки кога сте во лошо расположение. Секако тоа не значи дека треба да исчезнете додека трае бурата. Еве неколку совети:

1. Учете од туѓите примери

Анализирајте што се случува околу вас и вашата околина, разгледајте ги примерите и можностите кои ги искористиле другите луѓе, видете на кој начин успеале да создадат нешто и научете од нивните грешки.

2. Направете голема слика

Потсетете се дека создавате работа, а не хоби и дека тоа бара повеќе време. Успех преку ноќ не постои. Но, ако знаете што правите и верувате во тоа, не се откажувајте. Користете различни стратегии.

3. Имајте време за анализа

Тешко е да признаете, но некогаш лошите резултати се подарок. Тоа е знак дека имате време да направите промени, пред да удрите во ѕид. Понекогаш е потребно да ризикувате и да направите нешто што е потполно различно. Тоа ќе ве одведе многу подалеку.

4. Работете нешто поразлично

Направете ручек или торта. Започнете да пишувате книга. Убаво е да изработите задача која има свој почеток и крај.

5. Опуштете се

Јога или часови по пилатес се одлични за опуштање и усовршување на техниките за дишење. Освен тоа, во најтешките моменти луѓето знаат како да се релаксираат и едноставно да изнајдат најдобрите решенија и идеи.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП