Паметните телефони станаа дел од нашето секојдневие, но сепак има и такви кои преферираат „глупави“ телефони, односно телефони со физичка тастатура.
Овие телефони се погодни првенствено за деца и постари лица, а од повеќе или помалку истата причина – тие се лесни за употреба и тешко се кршат, освен ако некој навистина не се обиде.
Специјализираниот сајт „Android Central“ се зафати со оваа тема, и го избра најдобриот „глупав“ телефон. Тие го прогласија еден преклопен уред за шампион во оваа категорија – моделот „Nokia 2780 Flip“.
Се вели дека е издржлив телефон со двоен екран кој се напојува со Qualcomm QM215 Snapdragon 215. Работи KaiOS 3.1, заедно со 512 MB простор за складирање и 4 GB RAM.
Оваа „Nokia“ има камера од 5 MP, како и приклучок за слушалки од 3,5 милиметри, а батеријата, доколку ја чувате и ја користите за основни потреби, може да издржи и до 18 дена.