Многу луѓе се прашуваат дали нешто може да ни се случи ако јадеме семки од лубеница?
Мислењата се поделени, а гастроентерологот Анастасија Тимошенко откри што точно се случува кога ќе ги проголтаме семките.
„Ако случајно проголтате семка од лубеница, ништо лошо нема да се случи. Тие не се акумулираат во телото, туку ги исфрламе по природен пат“, вели Тимошенко.
Белите семки се меки и полесно се голтаат, додека црните семки тешко се џвакаат, па затоа многумина претпочитаат да ги отстранат. Но, со оглед на тоа дека се богати со хранливи материи, особено со омега-3 масни киселини, калиум и магнезиум, се препорачува да се јадат печени.
Исплакнете ги и исушете ги семињата. Кога целосно ќе се исушат, прелијте ги со малку маслиново масло и рамномерно распоредете ги на хартијата за печење. Посолете ги, па печете ги во рерна загреана на 160 степени 10 до 15 минути. Слободно играјте си со зачини како пипер, цимет или малку шеќер.
Сепак, пациентите со гастроинтестинални проблеми треба да бидат претпазливи. Семките од лубеница може да предизвикаат надуеност, болка, па дури и дијареа.