5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветска банка: Во Сингапур има најдобри услови за бизнис

Светска банка: Во Сингапур има најдобри услови за бизнис

world_bank

Сингапур е на прво место, а Чад на дното на листата за бизнис клима, која Светската банка ја објави во Вашингтон, и покрај критиките и противењето на Кина.

Рангирањето на Светската банка „Дуинг бизнис“ ја анализира рамката, која ја налагаат регулативите за бизнисот на малите и средни претпријатија во 189 земји.

Експертите на Светската банка ги оценуваат најмногу условите, во кои тие можат да ја започнат дејноста, за да имаат пристап до кредити и да плаќаат даноци.

Врз основа на резултатите, добиени од 10.000 бизнисмени, институцијата прави рангирање кое и оваа година го стави Сингапур на врвот, лидер од 2007 година.

По него следуваат Хонгконг, Нов Зеланд, САД и Данска.

На листата од 10-те најдобри економии со најдобри регулативи за водење бизнис се и Малезија, Јужна Кореја, Грузија, Норвешка и Обединетото Кралство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП