19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГодишниот нето-профит на „Епл“ опадна за 11 отсто

Годишниот нето-профит на „Епл“ опадна за 11 отсто

apple

Американската компанија за производство на електроника „Епл“ забележа прв пад на годишниот нето-профит за 11 отсто, наспроти резултатите кои во последниот квартал на фискалната година би биле подобри од
очекуваното.

Компанијата имала пад на нето профитот од 11 отсто, на 37 милијарди долари за цела фискална година која заврши на крајот на септември.

Во трите последни месеци од фискалната година „Епл“ забележа пад на нето профитот од 8,6 отсто – на 7,5 милијарди долари.

Тримесечниот профит по вредноста на акциите ги надмина очекувањата на аналитичарите за 33 центи и изнесуваше 8,26 долари.

За цела година вредноста на акциите на „Епл“ е поголема за 34 центи од очекувањата и се зголеми за 39,75 долари.

„Епл“ продаде 33,8 милиони „ајфони“ во тримесечјето од јули до крајот на септември, што е за 26 отсто повеќе отколку во истиот период претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП