Аналитичката компанија „Canalys“ ги објави најновите резултати за глобалниот пазар на паметни телефони.
Според анализата на „Canalys“, глобалниот пазар на паметни телефони продолжува да бележи силен раст во вториот квартал од оваа година.
Во периодот април-јуни беа испорачани 288,9 милиони уреди. Целиот пазар бележи раст трет месец по ред, а на тоа најмногу влијаеја иновациите на производите и подобрените деловни услови.
„Canalys“ објави дека „Samsung“ останува водечки производител на телефони, а јужнокорејската компанија забележала 53,5 милиони испораки во текот на вториот квартал. Сепак, ова претставува скромен раст од само еден процент.
„Apple“ е на второ место, со испорачани 45,6 милиони уреди, додека „Xiaomi“ е трет со пазарен удел од 15%.
„Vivo“ се врати на четвртото место, додека „TRANSSION“ е петти со испорака од 25,5 милиони единици и пазарен удел од девет проценти.