26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Merck намален за 35 проценти

Профитот на Merck намален за 35 проценти

merck1

Американската фармацевтска компанија „Merck“, една од најголемите во светот, во третиот квартал забележа пад на профитот од 35 проценти.

Падот на профитот се должи на намалувањето на приходите и растот на трошоците за реструктуирање во време кога „Merck“ се бори да го задржи ексклузивното правo на клучните лекови.

Нето профитот во третиот квартал е намален на 1,12 од 1,73 милијарди долари во однос на истиот период минатата година, а трошоците за реструктуирање се зголемени за осум пати на 870 милиони долари.

Заработката по акција во третиот квартал изнесува 38 центи, во однос на 56 центи од претходниот квартал.

Приходите на компанијата се намалени за четири проценти на 11 милијарди долари.

„Merck“ на 1. октомври соопшти дека ќе укине 8.500 работни места во светот, во обид да заштеди 2,5 милијарди долари до крајот на 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП