4 октомври, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКупете „Renault“ и гарантираме успешен брак! Ако се разведете, ќе ви ги...

Купете „Renault“ и гарантираме успешен брак! Ако се разведете, ќе ви ги вратиме парите

„Renault“ дава големи ветувања со лансирањето на новиот електричен автомобил „Renault Scenic“.

Ако живеете во Велика Британија, рекламната кампања на францускиот производител им ветува на британските клиенти – добар брак!

„Renault“ го опишува „Scenic“ како семеен автомобил со многу простор и удобност за целото семејство. Така што едноставно нема причина патниците да се караат.

Кампањата беше инспирирана од истражувањето спроведено од „Renault“ кое покажа дека една петтина (21 отсто) од Британците велат дека грешките при возењето предизвикуваат најмногу расправии меѓу нив и нивниот партнер во автомобилот, а потоа 20 отсто велат дека возењето на нивниот партнер е причината за кавга.

Истражувањето исто така покажа дека првите три карактеристики кои помагаат да се подобри расположението во автомобилот се: удобни седишта (42 проценти), добар аудио систем (26 проценти) и доволно простор за секого (26 проценти).

Затоа, „Renault“ е целосно убеден дека го има вистинскиот автомобил за семејството, па дури и нуди опција клиентот да го врати автомобилот и да добие целосна сума – доколку се разведат во рок од една година.

„Сите сме биле во таква ситуација, само паровите не секогаш се согласуваат. Оваа уникатна кампања покажува колку е уверен „Renault“ во својот модел „Scenic“ и неговата способност да донесе радост во семејниот живот“, рече Ноел Бантинг, креативен директор на рекламната агенција „Publicis London“.

Понудата доаѓа со неколку клаузули. Автомобилот мора да се купи приватно и мора да поминете низ документиран развод или раскинување на партнерството, а сето тоа мора да биде потврдено од судот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП