2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Шпанија е на добар пат“

„Шпанија е на добар пат“

dajselblum1

Шпанија е на патот на закрепнувањето по двегодишната борба со рецесијата, но мора да ги прошири реформите на пазарот на трудот, изјави шефот на еврогрупата Јероен Дајселблум.

„Активираните мерки не беа лесни и работата сеуште не е готова, но сите знаци покажуваат дека Шпанија остварила напредок и дека е на патот кон закрепнувањето“, изјави Дајселблум, кој исто така е министер за финансии на Холандија, пренесува агенцијата Франс прес.

Четвртата по големина економија во еврозоната излезе од долгата рецесија со економски раст од 0,1 проценти во третиот квартал, покажуваат податоците на Банката на Шпанија. Невработеноста во овој квартал е благо намалена, на 25,98 од 26,26 проценти од претходните три месеци.

Шефот на еврогрупата изјави дека билансот на состојбата на шпанските банки е во значително подобра состојба откако банките примија 41,3 милијарди евра помош од Европската унија.

Дајселблум порача дека стапката на невработеност е многу висока, особено меѓу младите, и дека се потребни дополнителни реформи на пазарот на трудот за да се предизвика економски раст. Според најновите податоци во Мадрид, во третиот квартал без работа биле 54,39 проценти од младите од 16 до 24 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП