„Apple“ воведе нова функција за снимање повици во најновата „iOS 18.1“ бета верзија, со што е првпат „iPhone“ да ја овозможи оваа опција по 17 години. Корисниците на „iPhone 15 Pro“ запишани во програмата за програмери на „Apple“ сега можат да ја испробаат оваа долгоочекувана функција.
По инсталирањето на „iOS 18.1“, корисниците ќе забележат нова опција за снимање аудио во горниот лев агол на екранот за време на повик. Кога ќе се активира, „iOS“ автоматски ќе ги извести сите учесници во разговорот дека повикот се снима. Откако ќе заврши повикот, снимката автоматски ќе се зачува во апликацијата „Белешки“, заедно со транскриптот од разговорот.
Интересно е што оваа функција не бара користење на опциите на „Apple Intelligence“. Снимањето повици работи нормално без активирање дополнителна функционалност со вештачка интелигенција и работи офлајн, користејќи го невронскиот мотор во уредот. Ова значи дека податоците не се испраќаат до услугите на облак на „Apple“ или трети лица. Сепак за транскриптите бара активирање на „Apple Intelligence“, бидејќи тоа не е дел од основната карактеристика.
Во моментов, поддршката за снимање повици во „iOS 18.1“ е ограничена на уредите „iPhone 15 Pro“ и „15 Pro Max“ во рамките на програмата за развивачи. Пошироката јавност може да ја очекува достапноста на бета верзијата во наредните недели, додека стабилната верзија на „iOS 18.1“ треба да излезе во октомври.