30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Минимално зголемување на производството

САД: Минимално зголемување на производството

sad11

Американските фабрики минимално го зголемија производството во септември, што е уште еден показател за забавувањето на американската економија.

Производството во американските фабрики е зголемено за скромни 0,1 проценти, што е помалку во однос на растот од 0,5 проценти кој беше забележан во август, соопшти американската централна банка (ФЕД), пренесува агенцијата Франс прес.

Производителите на автомобили го зголемија производството во септември, но тој раст е неутрализиран со падот на производството во фабриките за компјутери, мебел и апарати за домаќинство.

Вкупното индустриско производство во САД во септември се зголеми за 0,6 проценти, благодарение на скокот на производството на електрична енергија од 4,4 проценти, со цел да се задоволи зголемената потрошувачка.

Производството во рударскиот сектор, кој го вклучува и производството на нафта, е зголемено за 0,2 проценти, и тоа шести месец по ред.

Фабричкото производство е најголемиот дел од индустриското производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП