28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Burger King зголемен за 10 пати

Профитот на Burger King зголемен за 10 пати

burgerking1

Нето профитот на американскиот ланец ресторани за брза храна „Burger King“ во третиот квартал оваа година е зголемен за повеќе од десет пати.

Профитот на овој ланец ресторани достигна 68,2 милиони долари, во однос на 6,6 милиони долари во истиот период минатата година.

Добивката по акција е зголемена за 31,6 проценти во споредба со третиот квартал од 2012 година, на 0,23 долари, се наведува во тримесечниот извештај на компанијата.

Тоа е повеќе од очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа добивка од 0,21 долар за акција.

Притоа, приходите на „Burger King“ се намалени за 39,6 проценти на годишно ниво, на 275,1 милиони долари, додека експертите предвидуваа дека тој показател ќе биде 264,8 милиони долари.

Силниот раст на добивката е остварен, како што пренесува агенцијата АП, благодарение на острото намалување на трошоците за франшиза и препродажбата на рестораните на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП