25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСеминар „ПАН-ЕВРО-МЕД Конвенција“

Семинар „ПАН-ЕВРО-МЕД Конвенција“

pop

Стопанската комора на Македонија согласно усвоената Програма на заедничкиот партнерски проект ЦЕФТА-ДИХК, денеска организира семинар на тема „ПАН-ЕВРО-МЕД Конвенција“.

Целта на семинарот е да се подготват компаниите како подобро да ја разберат функционалноста на Пан-Евро-Мед повластената зона, користењето на преференцијално потекло, во функција на зголемување на конкурентноста на странските пазари, поголем профит и унапредување на своите деловни активности.

Предавањето ќе одржи германскиот експерт Френк Гроскопф, од FTC GmbH (Foreign Trade Consult).

Семинарот е од особена важност за сите компании во Република Македонија кои се извозно/увозно ориентирани, бидејќи сите протоколи за правилата за потекло на стоките во рамки на договорите за слободна трговија (ЕУ, ЦЕФТА, ЕФТА и Турција) ќе бидат заменети со единствен протокол – Правила за потекло на стоки согласно Регионална конвенција за Пан-еуро-мед преференцијални правила за потекло.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП