„Audi“ официјално го претстави целосно новиот „A6 e-tron“, правејќи значаен чекор напред во електрификацијата на својата гама.
Достапен во каросериски стилови „Sportback“ и „Avant“ (караван), новиот модел директно ќе биде конкурент на „Mercedes EQE“ и „BMW i5“. За разлика од својот претходник, оваа генерација „А6“ ќе биде исклучиво електрична, нудејќи им на клиентите чисто електрично возење.

По лансирањето на целосно електричниот модел, „Audi“ е подготвен да ја обнови својата традиционална линија. Сегашниот „A6“ со „SUS“ погон ќе биде редизајниран и преименуван во „A7“, во согласност со новата стратегија на овој производител на автомобили, која подразбира доделување парни броеви во ознаките на електричните модели.
Серискиот „A6 e-tron“ го отсликува дизајнот на неговите концептни претходници од 2021-ва (Sportback) и 2022-ра (Avant).

Суптилните измени вклучуваат малку дотерани поделени LED фарови, позабележителна црна хромирана решетка, традиционални рачки на вратите и LED задни светла со целосна ширина.
Кога го развиваше автомобилот, „Audi“ ѝ даде апсолутен приоритет на аеродинамиката, спроведувајќи над 1.300 симулации и обемни тестови во тунелот за ветер.

Резултатот е најаеродинамичното „Audi“ досега. Варијантата „Sportback“ има коефициент на отпор од 0,21 Cd, надминувајќи ги директните ривали.
„Audi“ исто така тврди дека „A6 e-tron Avant“ е најаеродинамичниот караван во својата класа со коефициент на отпор од 0,24 Cd.

Контролната табла и централната конзола се главно пренесени од „Audi Q6 e-tron“.
На контролната табла доминира троен екран составен од 11,9-инчен дигитален инструмент табла, 14,5-инчен инфозабавен дисплеј и 10,9-инчен екран на допир на патниците.
Оваа дигитална екстраваганција е надополнета со два дополнителни, странични екрани кои служат како замена за традиционалните надворешни ретровизори (наместо огледала во куќиштето на ретровизорите, има мали камери).

„Audi A6 e-tron“ се заснова на механичката платформа „PPE“, исто како и „Audi Q6 e-tron“ и „Porsche Macan EV“.
Првично, моделската линија вклучува три погонски единици, со повеќе опции за „RWD“ и „AWD“ кои ќе се следат подоцна, во зависност од пазарот.

Основниот „Audi A6 e-tron“ има еден електричен мотор и погон на задните тркала. Моторот генерира 367 ks (270 kW).
„A6 e-tron quattro“ со погон на 4 тркала има два електромотори со вкупна комбинирана моќност од 428 ks (315 kW).

Помоќниот „S6 e-tron“ има и два електрични мотори, кои имаат комбинирана моќност од 503 ks (370 kW) или до 551 ks (405 kW) кога е активирана функцијата „launch control“, забрзувајќи од 0-100 km /h за 3,7 секунди.
Иако ова е прилично брзо за седан со средна големина, тој нема да биде на врвот на гамата за „A6 e-tron“, бидејќи „Audi“ работи на уште помоќна верзија на „RS6 e-tron“.

Без оглед на погонската група, батеријата сместена на подот има капацитет од 100 kWh (94,4 kWh нето), со архитектура од 800V која поддржува еднонасочно полнење до 270 kW.
Досегот е импресивен, со преку 720-750 km за „A6 e-tron“ и над 640-670 km за „S6 e-tron“, во зависност од типот на каросеријата.
Од „Audi“ потврдија и дека во иднина ќе се нуди помала опција за батерија од 83 kWh.
„Audi A6 e-tron“ ќе биде достапен за нарачка во Европа од септември 2024-та година. Цените во Германија започнуваат од 75.600 евра за „A6 Sportback e-tron Performance“ и 99.500 евра за „S6 Sportback e-tron“.
И во двата случаи, варијантата „Avant“ е поскапа за 1.650 евра.