18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧелзи го враќа Балотели на Островот

Челзи го враќа Балотели на Островот

balotelli-mario2

„Сините“ брзо ќе реагираат на изјавата на Рајола во која тој истакнува дека „Супер Марио“ е незадоволен во Милано, па поради тоа тие ќе се обидат да го доведат на „Стемфорд Бриџ“.

Марио Балотели во јануари дојде на „Сан Сиро“ од Манчестер Сити и оттогаш постигна 15 првенствени гола на 17 средби за Милан.

Сепак, поради големата медиумска хајка која се води против него, агентот Мино Рајола сугерираше дека такви работи би можеле неговиот клиент да го натераат да си замине од Италија.

Англиските медиуми пишуваат дека Челзи ќе се обиде да ја искористи оваа ситуација и да го вратат на „Островот“.

Во прилог на ова тврдење е тоа што Мурињо не успеа да доведе некој напаѓач од светска класа – Радамел Фалкао, Роберт Левандовски и Вејн Руни, па „дамката“ би можела да се отстрани ако го доведе Балотели во своите редови.

Португалскиот тренер своевремено го тренираше Италијанецот додека беше на чело на Интер, но неможе да се каже дека на „Џузепе Меаца“ имаа добра комуникација.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП