21 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМета им овозможува на корисниците да креираат AI ликови: Ќе одговараат на...

Мета им овозможува на корисниците да креираат AI ликови: Ќе одговараат на пораки наместо вас

Meta Platforms во понеделникот објави нова алатка наречена AI Studio која ќе им овозможи на корисниците да креираат, споделуваат и дизајнираат персонализирани AI чат-ботови.

AI Studio ќе им овозможи на корисниците да создаваат карактери со вештачка интелигенција, а исто така ќе им овозможи на креаторите на Инстаграм да gi користат AI ликовите „како продолжение на себе“ што може да се справи со вообичаените прашања во DM и одговори на разговори, соопшти Мета.

Корисниците можат да ги споделат своите AI карактери на различни платформи на оваа социјална мрежа.

Новата алатка е изградена со Meta Llama 3.1, најголемата верзија на нивните претежно бесплатни модели со вештачка интелигенција, која беше објавена минатата недела. Овој модел е достапен на повеќе јазици и има перформанси кои можат да се натпреваруваат со платените модели од конкуренти како што е OpenAI.

Производителот на ChatGPT, OpenAI, работи на проект со кодно име „Strawberry“, чии детали се строго чувани дури и во OpenAI, бидејќи стартапот брзо покажува дека неговите модели се способни да обезбедат напредни способности за расудување, ексклузивно објави Reuters претходно во јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП