12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Забрзајте ги реформите и намалете ја потрошувачката“

„Забрзајте ги реформите и намалете ја потрошувачката“

francijabanka1

Гувернерот на француската централна банка ја повика француската влада да ги забрза структурните реформи и да превземе конкретни мерки за намалувањe на трошоците.

„Растот на француската економија би требало да се врати во својот потенцијал во 2015 година, но клучно е Франција со помош на структурните реформи да го зголеми тој потенцијал“, изјави Кристијан Ноер во разговорот за лондонскиот весник „The Financial Times“.

На владата на претседателот Франсоа Оланд воедно и порачува дека треба да се насочи кон вистинските намалувања во државната потрошувачка, која достигна 57 проценти од бруто домашниот производ. Буџетскиот дефицит досега се намалуваше главно поради зголемувањето на даноците, со тоа што потрошувачката се ограничуваше а не се намалуваше, напоменува тој.

„Своите напори владата сега мора во потполност да ги насочи кон потрошувачката. Намалувањето на потрошувачката мора да се забрза – а тоа значи намалување во апсолутна смисла“, инсистира Ноер, кој воедно е и член на Управниот одбор на Европската централна банка.

Тој на влада и предлага и понатамошно „забрзување“ на реформите на пазарот за труд и трошоците за работната сила, како и реформи на пазарите за стока и услуги, кои според него, владата досега ги занемарувала.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП