27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEmirates и Boeing договараат нарачка од 30 милијарди долари

Emirates и Boeing договараат нарачка од 30 милијарди долари

emiratsis

„Emirates Airline“, брзорастечката авто-компанија од Дубаи, е во преговори со американскиот производител на авион за рекордна нарачка за која, за дури 100 нови најголеми авиони ќе платат преку 30 милијарди долари.

Покрај тоа што размислуваат за набавка на нови модели од американскиот „Boeing“, раководството на компанијата „Emirates“ сака да купи и авиони од европскиот производител „Airbus“, вклучувајќи ги и моделите „A380“, како и планираниот „A350“.

Во арапската авио-компанија најавуваат дека сите планови и потпишани договори ќе бидат претставени на манифестацијата „Dubai Air Show“, која е најавена за ноември, иако е нагласено, дека се уште ниту еден договор за нарачките не е потпишан.

„Emirates Airlines“ е државна компанија која е основана во 1985-та година и која се развива со голема брзина во последните неколку години, со посебен нагласок кон долгите меѓународни летови кон Европа, Источна Азија и САД. Според податоците на Меѓународното здружение за воздушен сообраќај, „Emirates“ веќе ја поседува најголемата флота на патнички авиони со широк труп и во својата флота веќе има 187 летала. Според неофицијални информации во „Emriates“ рамислуваат за нарачка на помеѓу 100 и 175 нови 777X авиони, унапредениот модел на позантиот 777, со мотори кои имаат помала потрошувачка на гориво и се со капацитет од 350 и 400 патници. Се проценува дека еден ваков авион би чинел околу 359 милиони долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП