19 септември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако изгледа најевтиниот „Audi A5“? (ФОТО/ВИДЕО)

Како изгледа најевтиниот „Audi A5“? (ФОТО/ВИДЕО)

За промотивни фотографии од нивните нови модели, производителите на автомобили генерално ги избираат најскапите верзии на возилото, со богат пакет опрема, со цел да привлечат клиенти.

Затоа многу луѓе се изненадени кога подоцна ќе го видат истиот нов автомобил на улица, кој не изгледа ни приближно привлечно како во рекламите.

Разликата помеѓу основната и најскапата верзија на истиот модел е многу голема, но барем кај премиум производителите би требало да биде помалку изразена.

Ако ја погледнеме основната (најевтината) варијанта на неодамна претставениот „Audi A5“ и ја споредиме со промо фотографиите, разликите се воочливи.

Сепак, за разлика од некои други основни „Audi“, ова барем на почетокот доаѓа со алуминиумски тркала.

И надворешноста и внатрешноста изгледаат многу поскромно, а во внатрешноста забележливо е отсуството на третиот екран, кој во подобро опремени верзии се наоѓаше пред патникот.

Погледнете ја ги видеата од промоцијата на „Audi A5 Avant“ и производството на овој модел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП