26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанците ќе го намалуваат јавниот долг со приватизации

Италијанците ќе го намалуваат јавниот долг со приватизации

italija3

Италија планира до крајот на годината да ги претстави деталите од планот за приватизација, изјави министерот за економија Фабрицио Сакомани во интервју за италијанската телевизија.

На прашањето дали Рин ќе го продаде 4,3-процентниот удел во нафтениот и гасен концерн „Eni“, Сакомани одговори „Рековме, го кажа тоа и премиерот Енрико Лета, дека имаме намера до крајот на годинава да го објавиме планот за приватизација кој што ќе вклучува недвижнини и удели во компаниите кои што уште ги има многу, и покрај досега спроведените приватизации”.

„Ги разгледуваме сите опции. Не сакам да наведувам повеќе детали”, додал Сакомани, кој учествуваше во популарното шоу во саботата навечер „Che Tempo Che Fa“.

Ројтерс во петокот објави дека владата планира да започне со продажба на имотот во државна сопственост до крајот на 2013 година, како и дека главниот приоритет е продажба на 4-процентниот удел во „Eni“, вреден 2,8 милијарди евра.

Владата составува листа на уделите кои што можат да бидат понудени на продажба, изјавиле за Ројтерс упатени извори.

На прашањето дали државата размислува за продажба на државната телевизија „RAI“, Сокомани изјави „RAI е една од компаниите во кои што државата вложува. Ги разгледуваме сите опции. Нашата цел е да го намалиме италијанскиот долг”.

Италија настојува да го пронајде модусот за краткорочното намалување на јавниот долг, кој се зголеми на околу 133 проценти од бруто домашниот производ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП