Само неколку дена откако „Porsche“ објави дека ја вратил титулата најбрз на Нирбургринг, одговорот доаѓа од компанијата „Xiaomi“. Но, овој кинески производител не ја таргетира „Panamera“, туку уште побрзиот електричен модел „Taycan“.
Неговото име е „Xiaomi SU7 Ultra“ и моментално е во фаза на прототип.
Прелиминарните податоци се навистина импресивни. Опремен со три електрични мотори, овој „Xiaomi“ располага со 1.548 ks распоредени на маса од 1.900 kg.
Сепак, она што е навистина неверојатно се податоците за „downforce“. Благодарение на модерната карбонска каросерија со бројни додатоци, вклучително и огромното задно крило, автомобилот нуди до 2.145 kg надолна сила.
Со 440 ks повеќе од „Taycan“, кинескиот адут до 100 km/h забрзува за 1,97 секунди, до 200 km/h достигнува за 5,97 секунди, а до 300 km/h за само 15 секунди.
Максималната брзина е 350 km/h.
Сепак, откако сериската верзија ќе добие „стандардни“ (поевтини) делови, реално е да се очекуваат нешто пониски перформанси.
Енергијата на возење ја обезбедува комплетот батерии „CATL Qilin 2.0“, кој може да ослободи максимални 1330 kW. За запирање се грижат „AP Racing“ сопирачките, а во комбинација со регенеративното сопирање се постигнува сила на забавување од 2,36 G.
Со други зборови, запира од 300 km/h по само 15 секунди.
„Xiaomi“ ќе го испрати „SU7“ на патеката во октомври, а резултатот што сака да го победи е 7:07.55 кој го држи „Porsche Taycan Turbo GT“.
Доколку сака да победи во конкуренција на возила наменети исклучиво за патеката, задачата ќе биде многу потешка. „Volkswagen ID.R“ кругот го извозе со време од 6:05.336.