19 септември, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТивко исчезна уште пред една година, а „Mercedes“ дури сега го потврди

Тивко исчезна уште пред една година, а „Mercedes“ дури сега го потврди

Електричниот кросовер „EQC“ се појави доцна на пазарот, пред пандемијата на Ковид и кризата што следеше, а на пазарот остана само неколку години.

Наменет како електрична верзија на популарниот модел „GLC“, што на крајот и беше, овој автомобил пристигна на премиум пазарот на електрични возила со фер понуда во однос на вложеното и добиеното.

Сепак, „EQC“ очигледно не ги задоволи апетитите на „Mercedes“ и моделот беше повлечен од пазарот. И никој не ни забележа.

Имено, „Mercedes“ дури сега, одговарајќи на прашања од веб-страницата „Motor1“, потврди дека последниот примерок е произведен во вториот квартал од минатата година.

Индикации дека такво нешто ќе се случи претходно објави „Business Insider“, кој во 2022-ра година објави дека моделот ќе биде укинат во мај 2023-та година. Интересно, „Mercedes“ до неодамна официјално не реагираше на тоа.

Иако моделот замина во историјата, името не исчезна засекогаш. Имено, „EQC“ наводно се враќа, но како сосема поинаков модел.

Тоа ќе биде електричен седан, ривал на „Tesla Model 3“. Серискиот модел беше најавен со концептот на новата класа „CLA“, а ќе се базира на механичката платформа на „Modular Mercedes Architecture“.

Опремен со понапредни батерии и подобрена аеродинамика, новиот „EQC“ може да понуди рекорден опсег во својата класа.

И тоа ќе биде само еден од адутите во конкурентниот сегмент во кој ќе бидат идната електрична „BMW Series 3“, како и „Audi A4“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП