5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBankia забележа скромна добивка во третиот квартал

Bankia забележа скромна добивка во третиот квартал

bankia1

Шпанската банка „Bankia“, национализирана и поддржана во декември минатата година со кредити од Европската унија, објави дека во третиот квартал забележала скромна добивка, во однос на огромната загуба во истиот период минатата година.

Банката од ЕУ доби вкупно 18 милијарди евра кредит. Денес тие известија дека во третиот квартал оваа година оствариле нето добивка од 161 милион евра, во однос на 2,6 милијарди евра нето загубата во истиот период минатата година.

Минатата година „Bankia“ ја заклучи со рекордна загуба од 19,19 милијарди евра.

Во првите девет месеци од оваа година „Bankia“ оствари нето добивка од 353 милиони евра.

Главна причина за добрите резултати во третиот квартал е продажбата на 12-процентниот удел во осигурителната компанија „Mapfre“ за 979 милиони евра, се наведува во соопштението од банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП