22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕБОР од утре во Скопје со обуки за консултанти

ЕБОР од утре во Скопје со обуки за консултанти

EBRD

Во Скопје од утре до 7 ноември ќе се одржат четири пилот обуки наменети за консултанти што ги организира Тимот за поддршка на мали бизниси на Европската банка за обнова и развој Македонија, во партнерство со ЕБОР Small Business Support Косово и Албанија.

Обуките ќе ги изведе фирмата „The Change Leader“ од Америка, а на нив ќе присуствуваат регионалните директори на ЕБОР Small Business Support и потенцијални тренери од Велика Британија, Америка, Франција, Ерменија, Египет, Романија, Украина и Русија, како и локални консултанти од Косово, Албанија и Македонија.

Бесплатно учество на обуките Македонија има обезбедени за вкупно 40 локални консултанти, по 10 за секоја обука.

Обуките се во рамки на иницијативата на ЕБОР за развој на тренинг материјали и обуки наменети за консултантскиот сектор кои ќе бидат користени во наредните пет години во земјите каде оперира ЕБОР и тимовите за поддршка на мали бизниси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП