21 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИлон Маск: Време е САД да испратат астронаути на Марс

Илон Маск: Време е САД да испратат астронаути на Марс

Време е Соединетите Американски Држави да испратат астронаути на Марс, изјави американскиот претприемач и моментално најбогат човек на светот, Илон Маск, на својата социјална мрежа „X“.

Маск зборуваше по повод годишнината од слетувањето на вселенската мисија Аполо 11 на Месечината, додавајќи дека Америка сега „треба да достигне многу поголеми височини“.

„Секој што сака да стане вселенски патник и да помогне во изградбата на нова цивилизација на Марс треба да може да го стори тоа. Тоа е инспиративна иднина“, додаде Маск.

Американскиот милијардер, меѓу другото, е и сопственик на компанијата SpaceX, која го разви вселенскиот систем „Starship“ за транспорт на луѓе и стоки до орбитата на земјата и Марс.

Главниот дел од системот е ракета-носач „Super Heavy“ што може да се користи повеќе пати, се наведува на веб-страницата на компанијата.

Маск во 2023 година изјави дека Starship ќе може да лета на Марс за три до четири години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП