16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТојота прва во светот според продадени возила

Тојота прва во светот според продадени возила

Toyota Camry

Компанијата Тојота продала ширум светот 7.41 милиони возила во првите девет месеци и со тоа, и покрај малото зголемување во однос на минатата година, ја задржа водечката позиција по бројот на продадени автомобили.

Џенерал Моторс претходно соопшти дека во периодот од јануари до септември продале 7.25 милиони возила, што е за 4.6 проценти повеќе од минатата година.

Од Тојота велат дека во однос на минатата година продажбата им се подобрила за 0.1 проценти. Па така успеале да ја задржат водечката позиција и да продадат повеќе автомобили од Џенерал Моторс.

На третото место по бројот на продадени возила во светот се најде Фолксваген со нешто повеќе од седум милиони примероци. Оваа германска компанија забележа раст од скоро пет проценти во однос на минатата година.

Џенерал Моторс со децении беше лидер според бројот на продадени возила, но во 2008-та Тојота се најде на првото место. Компанијата од Детроит успеа да се врати на врвот во 2011-та година, кога работата во фабриките на Тојота беше отежната поради земјотресите и цунамито, но јапонската компанија многу бргу се опорави и минатата година повторно продаде најмногу автомобили во светот.

Џенерал Моторс и Фолксваген забележаа раст во Кина, каде продажбата на возилата на Тојота забележаа пад поради анти-јапонското расположение кое ескалираше минатата година по територијалните спорови.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП