21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Српската авиокомпанијата „Ер Србија“ го претстави првиот авион „Ербас 319“, што ќе го носи името на тенисерот Новак Ѓоковиќ. Авионот беше претставен во петокот вечерта на аеродромот „Никола Тесла“ од српскиот вицепремиер Александар Вучиќ и генералниот директор на „Ер Србија“ Дане Кондиќ.

Анкара – Турската странска помош за вкупно 121 држава во 2012 година била во износ од три милијарди 436 милиони долари, објави турскиот сајт „Ворлд булитин“, повикувајќи се на извештај на Турската агенција за меѓународна соработка и развој. Турскиот вицепремиер Бекир Боздаг изјави дека Турција повеќе не е земја примател, туку земја што дава помош, благодарение на политичкиот и економски успех за време на владеењето на Партијата на правдата и развојот.

Нови Сад – Меѓународна конференција посветена на културниот туризам под наслов Културен туризам: Нов и поинаков пат ќе собере денеска во Нови Сад повеќе од 120 учесници од 24 држави во светот. Собирот е во организација на Светската асоцијација за културен туризам, Универзитетот во Нови Сад и уште 16 универзитети членки на асоцијацијата.

Никозија – Кипарска делегација предводена од министерот за енергетика, трговија и туризам Јоргос Лакотрипис е во Кина во обид привлекување странски инвестиции, јави АНА-МПА. Во делегацијата се и претставници на компании, адвокатски бироа и претставници од кипарската трговско-индустриска комора.

Брисел – Европската унија донесе одлука до септември идната година од продажба да се повлечат сите правосмукалки кои имаат јачина поголема од 1.600 вати. Популарните модели на правосмукалки кои милиони граѓани ги користат во своите домови наскоро ќе бидат редизајнирани и заменети со еколошки помалку штетни модели.

Дубаи – Обединетите Арапски Емирати ќе инвестираат 4,9 милијарди долари во Египет. Договорот го постигнаа во саботата принцот на Абу Даби Мохамед бин Зајед ал Нахјан и египетскиот премиер Хазем ал Беблави. Инвестициите вклучуваат и изградба на 50.000 станови во Каиро, 25 силоси за складирање пченица со капацитет по 15.000 тони и 79 помали здравствени објекти.

Каракас – Властите во Венецуела формираа официјална државна Агенција за постигнување среќа. Претседателот Николас Мадуро изјави дека задача на Службата за постигнување највисоко ниво на социјална среќа ќе биде координација на сите програми, што како „своја мисија“ ги осмисли поранешниот претседател Уго Чавез за справување со сиромаштијата. Социјалната мрежа „Твитер“ набрзо беше преплавена со саркастични коментари за новоформираната агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП