Google повеќе не индексира нови содржини за да избегне голем број оние кои не се квалитетни.
Неодамна, технолошкиот гуру Винсент Шмалбах изјави дека Google сега веќе не ја индексира содржината на новите сајтови (по дифолт), туку презема поселективен пристап кон индексирање на содржината. Се вели дека оваа фундаментална промена има за цел да се спротивстави на постојаното зголемување на неквалитетната содржина и прашањата за оптимизација на пребарувачите (SEO).
Во минатото Google беше посветен на индексирање на целиот Интернет, но со експлозивниот раст на содржината, голема количина на неквалитетни содржини ја преплавија мрежата. Во исто време, со порастот на содржината генерирана од вештачка интелигенција, Google се соочува со предизвикот да разликува квалитетна содржина од содржина генерирана од машина и мораше да ја преиспита својата стратегија за индексирање.
Google сега функционира во режим на неиндексирање „по дифолт“ и новата содржина се индексира само кога се смета дека е апсолутно неопходно:
- Содржината мора да биде доволно нова или да пополни одредена празнина, самиот факт што областа што ја опфаќа објавената содржина не е широко опфатена само по себе не е доволна;
- Веб-страниците со добра репутација и авторитет во одредени области веројатно ќе имаат повеќе индексирани содржини.
- Добро познатите страници ќе имаат повеќе индексирана содржина, додека помалку познатите сајтови или блогови ќе бидат предмет на построга селекција;
- За да избегне пропуштање важни вести или ажурирања, Google привремено ќе индексира нова содржина и потоа ќе ја отстрани од индексот по одреден временски период. Затоа, фактот што содржината е индексирана не мора да значи дека Google ја смета таа содржина за вредна, пренесува mydrivers.
Сето тоа ќе внесе големи промени и ќе влијае на посетата, особено за помалите сајтови кои патем, помалку или воопшто не инвестираат во рекламирање кај најголемата интернет компанија.