
Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе инвестираат 4,9 милијарди долари во Египет, беше соопштено вчера.


Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе инвестираат 4,9 милијарди долари во Египет, беше соопштено вчера.
Тој договор го постигнале принцот на Аби Даби, Мохамед бин Зејад ал Нахјан и египетскиот премиер Хазем ал Беблави, кој е во тридневна посета на ОАЕ.
Инвестициите ја вклучуваат донацијата од милијарда долари која на Египет му беше дадена во јули и дополнителна помош исто така во вредност од милијарда долари, со што делумно ќе бидат задоволени потребите на Египет за нафта.
Инвестициите вклучуваат и изградба на 50.000 станови во Каиро, 25 силоси за складирање на пченица со капацитет од 15,000 тони и 79 помали здравствени објекти.