24 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРечиси 10 отсто од граѓаните на ЕУ не можат да си дозволат...

Речиси 10 отсто од граѓаните на ЕУ не можат да си дозволат пристоен оброк секој втор ден

Минатата година 9,5 отсто од граѓаните на Европската унија не можеле да си дозволат оброк кој содржи месо, риба или еквивалент на вегетаријанска храна секој втор ден, што е за 1,2 отсто повеќе отколку во 2022 година, објави денеска Евростат.

Како што покажува истражувањето, лани уделот на граѓаните на Европската унија кои биле во ризик од сиромаштија изнесувал 22,3 отсто, што е за 2,6 отсто повеќе во споредба со 2022 година.

Најголем дел од граѓаните кои не можат да си дозволат соодветен оброк е забележан во Словачка со 45,7 отсто, потоа Унгарија со 44,9 отсто и Бугарија со 40,2 отсто.

За разлика од нив, најмал удел на споменатите граѓани е регистриран во Ирска од 4,2 отсто, потоа пет отсто во Кипар и 5,9 отсто во Португалија.

Способноста да си дозволите оброк со месо, риба или вегетаријански еквивалент секој втор ден е една од ставките што Евростат ги анализира за да донесе заклучок за стапката на материјална и социјална немаштија во Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП