2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРА10 професии кои носат најмногу пари

10 професии кои носат најмногу пари

profesii1

И денес во тешките времиња постојат професии кои речиси секаде во светот се барани и кои носат добра заработувачка. Сметководителите, програмерите и финансиските експерти се само некои од нив.

Сметководител

Покрај образованието, средното училиште и факултетот, за сметководителите е важно и искуството во книговодството. За оние најдобрите во оваа професија се борат и најпознатите компании. Оној кој ќе го положи испитот за овластен сметководител и ќе добие сертификат за тоа, може да започне сопствен бизнис и со добра мрежа на клиенти да оствари прилично добар профит. Предноста во оваа работа е тоа што може да се работи и од дома, и тоа што за започнување на овој бизнис не се потребни големи средства.

Програмер

Веќе повеќе години се зголемува побарувачката за програмери, а познатите компании меѓусебно се натпреваруваат со цел да ги привлечат и задржат оние најдобрите. Условите за работа се оние кој секој ги посакува. Така, на пример, „Cisco system“ на своите работници, кои се околу 65.000 во 92 земји, им овозможува да учествуваат во деловните дискусии преку видео конференции кои се одржуваат редовно.

Предноста на оваа работа е тоа што таа е добро платена и може да се работи од дома, дури и кога тие се вработени во некоја компанија. Не е невообичаено да им биде понудено и флексибилно работно време.

Преведувач

На искусните преведувачи работата никогаш не им недостасува. Компании од различни подрачја, издавачи на книги, судови и адвокатски канцеларии се само некои од оние кои имаат потреба за ангажирање на преведувач.

Односи со јавност

Пишувањето на соопштенија, спроведувањето на различни иницијативи, пишувањето на говори за директори, но и некои други аспекти на комуникација меѓу клинтите и јавноста бараат голема креативност. ПР експертите им се потребни на компаниите, а се поголем број од нив се одлучуваат за отворање на сопствени агенции. Предноста во оваа работа е што таа може да се извршува од дома. Покрај добрата заработка, ПР експертите имаат и светла иднина, бидејќи побарувачката за нив ќе биде се поголема.

Сопствен бизнис

Ако сте заситени од шефовите и флексибилното работно време, или сте еден од оние кои на берзата чекате други да ви создадат услови за работно место, охрабрете се и создадете го сами. Важно е да имате добра идеја, и да знаете со што точно ќе се занимавате. Ако мислите дека имате добар „нос за бизнис“, тажно е да не се обидете.

Хонорарни писатели/уредници

Многу големи светски списанија, магазини и весници се во потрага по хонорарни работници, со цел да заштедат пари и да го избегнат вработувањето на лица на трајна основа. За многу пристојни пари на писателите и уредниците им се нудат можности за уредување на мемоари, белетристика и документаристика. На пример, во САД на годишно ниво работејќи го ова можете да заработите околу 80,000 долари.

Виртуелен асистент

Иако поимот виртуелен асистент во Македонија сеуште е релативно познат, во светот, особено во Америка, се смета за една од најбрзо растечките професии. Виртуелните асистенти се експерти кои своите административни услуги им ги нудат на различни компании. Според податоците на Меѓународното здружение на виртуелни асистенти, тие нудат услуги за сметководството, обработката на податоци, маркетинг, па се до планирање и анализа. Меѓу виртуелните асистенти постојат лица кои се многу ценети и многу добро платени. На пример, виртуелниот асистент во САД за еден час заработува од 25 до 100 долари.

Агент во кол-центар

Во светот се повеќе се бараат агенти за работа во кол-центри и тоа за работа од дома. На пример, само во Северна Америка има околу 60.000 кол-центри, а околу 20 проценти од нив оваа работа ја обавуваат од својот дом. На пример, доколку работат од 30-35 часа неделно, овие агенти во Америка можат да заработат околу 2.000 долари. Тоа е пристојна заработка, особено ако се работи од дома.

Експерт за техничко-компјутерска поддршка

Ова е една од најпознатите и најбараните професии кои во иднина уште повеќе ќе бидат барани. ИТ екпертите им помагаат на физичките лица во детектирањето на дефектите во нивниот комјутерски систем, им изработуваат програми и целосно го одржуваат нивниот систем.

Финансиски планер или советник

Финансиските експерти се оние кои само ги советуваат клиентите како да ги потрошат парите, или ги подучуваат компаниите како да ја оптимизираат потрошувачката, како да инвестираат или им даваат совети околу донесувањето на различни одлуки за финансиите. Таквите експерти во Америка заработуваат околу 100.000 долари годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП