Во својот нов промотивен филм Киа на еден забавен начин не потсетува на еволуцијата на автомобилот и автомобилската индустрија во текот на изминатите децении, од првиот мотор со внатрешно согорување, па се до „GPS“ уредите за навигација.

Автомобилот од самиот почеток до денес драматично е променет. Промените се одвиваа постепено – секоја генерација донесе нови пронајдоци и подобрувања со кои возењето станува многу полесно и поудобно, а автомобилите се повеќе функционални и побезбедни превозни средства.
Некои од главните промени што се случиле од 1880-тите и првата деценија на 21-от век, Киа ги претстави во анимиран филм од две минути.
Иако сите пронајдоци кои се прикажани немаат еднаква важност за развојот на автомобилската индустрија, интересно е да се потсетиме кога некои содржини, станаа дел од автомобилот.
И иако повеќето од нив во меѓувреме се подобрени и задржани како потребен и незаменлив елемент на современите автомобили, некои од нив, како што е касетофонот, одамна ги прегази времето, а слична судбина ги очекува и CD плеерите.
Интересно е дека електричниот автомобил за прв пат се појави во раниот период на авто-индустријата, но моторите кои се движат на нафтени производи надвладеа, па електричните автомобили дури во последниве децении се повеќе значајни.