11 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦГК: Кубик вода за пиење во Боговиње плаќаат по 7,5 денари, а...

ЦГК: Кубик вода за пиење во Боговиње плаќаат по 7,5 денари, а во Кочани по 49 денари

Денес, 11 јули 2024 година, Центарот за граѓански комуникации(ЦГК) го објави истражувањето за цените, потрошувачката и загубата на водата за пиење во земјава.

Истражувањето покажа дека:

⦁ Најниска цена за потрошената вода плаќаат жителите на Боговиње, само 7,5 денари за потрошен кубик, а највисока цена плаќаат жителите на Кочани – дури 48,79 денари за кубик, што е за 6,5 пати повеќе.

⦁ Кај фирмите, најниска цена за кубик вода плаќаат потрошувачите во Желино, 13,42 денари, додека убедливо најскапа е водата за скопските фирми, дури 68,10 денари за кубик.

⦁ Најмногу вода трошат жителите на Маврово и Теарце, по 70 кубици месечно, како и на Боговиње, по 40 кубици месечно. Најмалку вода трошат домаќинствата во Старо Нагоричане, само по 2,4 кубици месечно.

⦁ Од големите градови, водата е најевтина во Тетово, а најскапа во Охрид. Спротивно, охриѓани трошат најмалку, а тетовчани најмногу вода месечно.

⦁ Од годишно произведените 245 милиони кубни метри вода за пиење, се губат повеќе од половина, односно 146 милиони кубни метри.

⦁ Најмногу вода за пиење во апсолутна загуба се губи во Скопје, дури 63 милиони метри кубни годишно, што е 43 % од целата загубена вода во земјава. Следат Гостивар, Тетово и Кичево.

⦁ 44 % од 67-те снабдувачи со вода за пиење лани оствариле негативен финансиски резултат од работењето. Вкупната загуба на овие претпријатија изнесува 255.018.205 денари, односно 4 милиони евра.

⦁ Најголема загуба, од повеќе од еден милион евра има кочанското претпријатие, што е точно една четвртина од вкупните загуби на овие претпријатија. Со поголеми загуби се и водоводните претпријатија на Велес, Битола, Скопје и Струга.

⦁ Кај 72 % од претпријатијата со финансиска загуба, загубите на вода за пиење се поголеми од 40 %.

До целото истражување може да се пристапи преку следниот линк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП