Се двоумите кој пазар да го изберете и кон кои потрошувачи да се насочите. Ова се правилата кои ви ги предложуваат експертите.
Правило број 1: Изборот на вистинскиот пазар е добивање на пола битка.
Не се фокусирајте на бизнис моделот. Фокусирајте се на пазарот. Она што е најважно е да влезете во правата игра, со влогот кој би ви се исплател. При изборот на вистинскиот пазар можете да направите многу грешки, но можете и многу да заработите.
Ако сте на вистинскиот пазар, успехот не е загарантиран, но ако сте на погрешниот пазар, неуспехот е единствен исход. Што значи, извршувањето е предуслов за успех, без разлика на кој пазар ви се деловните операции.
Правилото 2: Тајмингот е другата страна на битката
Не е доволно, само да ја изберете вистинската индустрија, исто така треба да го погодите вистинското време. Ако го изберете вистинското место, но сте премногу рано, ќе доживеете неуспех.
Всушност лесно е да дознаете ако настапувате прерано на некој пазар. Клучот е, да слушате повеќе, а помалку да зборувате. Ако слушнете разговори за одредени пазарни можности, најверојатно се вистинити. Дали пазарот за одреден бизнис привлекува внимание? Дали се присутни на одреден пазар, претприемачите кои ги почитувате? Дали веќе постојат компании кои го прават она што вие планирате да го правите?
На пазарот на глобални социјални медиуми, нови компании се стартуваат секојдневно, и имаат потенцијал да успеат и да направат големи профити.
Е-трговијата не е нова индустрија, но компаниите со иновативни модели во светски рамки, имаат вредност повеќе од пола милијарда долари.
Ако овие компании, беа лансирани пред потрошувачите на пазарот да бидат подготвени, тие веќе ќе беа надвор од бизнисот.
Многу претприемачи, гледаат на конкуренцијата како лошо нешто. Ако некој, ја лансирал мојата идеа, не треба да започнам. Ова е погрешен став. Тогаш е правиот момент за да започнете. Ако сте единствената личност која ги користи можностите, шансите се големи да влезете во ќор сокак.
Идеално сценарио, е да започнете бизнис една година пред пазарот да доживее “бум”. Во првата година, ќе ги развивате вашите производи, ќе разговарате со потенцијалните потрошувачи, и ќе го развивате вашиот бизнис. Фактот дека нема пазар во тој момент е неважно. Не е возможно да соодветствува производот со пазарот, кога немате производ.
Подобро е да изберете индустрија која покажала знаци на раст, а полош избор е да се обидувате да ја предвидите иднината.