Министерот за економија Ваљон Сарачини денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Хрватска.
Како што е најавено, во текот на првиот ден од посетата во Загреб се планирани средби со министерот за економија Иван Врдољак, министерот за претприемништво и трговија Гордан Марас и министерот за туризам Дарко Лоренчин.
Министерот Сарачини на вториот ден од работната посета, во Славонски Броди и Осијек, ќе ја посети компанијата „Ѓуро Ѓаковиќ“ и ќе оствари средба со градоначалникот на Осијек Иван Вркиќ.
Се очекува министерот Сарачини посетата на Хрватска да ја искористи за средби со инвеститори со цел да ги запознае со можностите за инвестирање и најактуелните инвестициски проекти во Република Македонија.