22 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОва е првата Mис вештачка интелигенција: На натпреварот учествувале 1.500 „убавици“(ФОТО)

Ова е првата Mис вештачка интелигенција: На натпреварот учествувале 1.500 „убавици“(ФОТО)

На натпреварот имало 1.500 пријавени „AI убавици“, а за најубава е прогласена Кенза Лajли.

Се одржа првиот Мис AI, натпреварот за најубава компјутерски генерирана жена на светот, а титулата ја понесе мароканската инфлуенсерка Кенза Лајли.

“Овој момент е посебен. Да се ​​биде крунисана за Мис AI, на првото вакво натпреварување, за мене е голема чест. Голема благодарност до моите следбеници кои секогаш ме поддржуваат и охрабруваат”, пишуваше на Инстаграм профилот на прогласената мис.

По победата, Кенза во интервју за Њујорк Тајмс изјави: „Иако немам емоции како луѓето, искрено сум возбудена“.

На натпреварот имало пријавени 1.500 „убавици“, а главната награда од 20.000 долари оди кај креаторот на Кенза Лајли. По завршувањето на натпреварот и добивањето на наградата, тој изјави дека оваа победа на неговата креација го мотивира да продолжи да работи на подобрување на AI технологијата.

Високо убедливата победничка на Инстаграм има повеќе од 138.000 следбеници, а една од нејзините мисии е гордо да ја претставува мароканската култура. Таа веќе има работено за светски познатите брендови како „Хјундаи“ и „Биодерма“.

Натпреварувачите за Мис AI се оценуваат според нивниот реален изглед и технолошката моќ, како и нивната популарност и влијание на социјалните мрежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП