2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонците земаат најмали плати во регионот

Македонците земаат најмали плати во регионот

plata

И покрај тоа што веќе неколку години, речиси сите земји од Западен Балкан се во тешка финансиска и економска ситуација, факт е дека луѓето во некои земји во регионот заработуваат речиси двојно повеќе од граѓаните од другите соседни земји.

Според истражувањето на новинарите од агенцијата Анадолија, најмали плати во земјите од регионот имаат граѓаните на Македонија и Србија, додека највисок просек на плати е забележан во Хрватска, која од јули оваа година е членка на Европската Унија.

Според податоците од Централниот завод за статистика на Хрватска, просечната нето плата во Хрватска во август била околу 723 евра , што е убедливо највисока од сите земји во регионот.

Веднаш после хрватските граѓани, најголеми плати во земјите од поранешна Југославија примаат граѓаните на Црна Гора, каде што, според Заводот за статистика на Црна Гора, просечната нето плата во Црна Гора во септември изнесувала 475 евра .

Следни, според висината на примањата се граѓаните на Босна и Херцеговина, каде што, според последните податоци од Агенцијата за статистика на Босна и Херцеговина, просечната месечна нето плата во август изнесувала 423 евра.

Потоа следи Србија, каде што, според податоците на Државниот завод за статистика, просечната нето плата во август изнесувала 392 евра .

Најниски плати има во Македонија, каде според најновите податоци од Заводот за статистика, просечната нето плата во септември изнесувала 342 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП