14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМесечниот пад, почеток на крајот на инфлацијата!?

Месечниот пад, почеток на крајот на инфлацијата!?

Намалувањето на трошоците за живот па падот на цените на мало на месечно ниво го зголемува оптимизмот кај експертите дека конечно борбата со инфлацијата ќе заврши. Економистите сметаат дека овој тренд ќе продолжи до крајот на годинава, а веќе од следната се очекува и подобрување на економијата во државата. На годишно ниво, сепак инфлацијата е на ниво од 3,2 отсто, а и цените се повисоки во однос на јуни лани за 4,1 отсто. Најновите податоци на Државниот завод за статистика велат дека граѓаните и натаму плаќаат скапо овошје.

Намалувањето на трошоците за живот во периодот јуни 2024 година во споредба со јуни лани од 0,3 отсто е доволно за дел од експертите да предвидат оптимистички сценарија за периодот што следи.

-Од некаде мора да се почне, негативниот тренд на раст на инфлацијата мора некако да запре, и еве полека доаѓа тој момент и сега е на ред периодот на стагнација на зголемувањето на нивото на инфлација, вели за Денар економистот Абил Бауш.

Според него, новата влада не треба да носи нови мерки кои ќе ја зголемат потрошувачката на населението.

„Во моментов стапката на инфлација не е загрижувачка. Загрижувачка би била ако почнеме да трошиме огромни суми на пари во населението и така ќе придонесеме самите да ја загрееме инфлацијата. Но од оваа позиција мислам дека тоа нема да се случи. Сега сме во ситуација на статус кво, и на глобално ниво. Ако се следи Федералната банка на САД се уште се во статус кво ситуација и уште не ги намалиле референтните каматни стапки. Европската централна банка пак имаше 0,25 посто намалување на тие референтни каматни стапки, кои не даваат некое преоптимиостичко сценарио. Но јас очекувам дека ќе има опоравување на економијата до крајот на годинава и догодина со новиот буџет мислам дека ќе биде подобро на ова поле“, вели економистот Абил Бауш.

Од извештајот на статистика може да се забележи дека и натаму трошоците за набавка на овошје се најголеми за граѓаните и бележат зголемување за 11,5 отсто. Она што охрабрува е дека храната како ставка има намалување на месечно ниво од 0,3 отсто. И натаму здравствената заштита има тренд на зголемување на трошоците и тоа за над 5 отсто, а и рекреацијата и посетата на културни манифестации граѓаните ги чини поскапо во однос на трошоците кои ги имале лани во месец јуни.

Сепак, податоците на ССМ кои ја пресметуваат минималната потрошувачка кошничка велат дека во јуни, покажуваат дека на едно четири члено семејство му се потревни 61 300 денари за набавка на основните прехранбени производи, да ги плати сметките, во однос на превозот – тој да биде автобуски, минимална набавка на облека и обувки, една посета на манифестации од областа на културата, здравствени прегледи на државни клиники и слично.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП