17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Lukoil намален за една петина

Профитот на Lukoil намален за една петина

lukoil1

Нето профитот на најголемата руска приватна компанија „Lukoil“ во последните девет месеци е намален за 19,9 проценти на годишно ниво, на 4,7 милијарди евра.

Како што соопшти компанијата, добивката од продажбата во тој период се зголемила за 3,9 проценти, на 31,14 милијарди рубљи. Приходите од продажбата се намалени од 253 милијарди рубљи на 208 милијарди рубљи, пренесува агенцијата Итар тас.

Главниот дел од профитот на „Lukoil“ се формира од приходите од учеството во други организации. За девет месеци од оваа година овие приходи се намалени за 20 проценти, од 262,3 милијарди рубљи од минатата година на 209,8 милијарди рубљи во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП