8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВинариите ќе преработат 183 милиони килограми грозје

Винариите ќе преработат 183 милиони килограми грозје

grozje

Македонските винарници годинава ќе преработат 183 милиони килограми грозје или за 30 отсто повеќе во однос на лани, изјави заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски  во тек на денешната посета на општина Босилово, каде имаше средби со земјоделци од  село Сарај и ја посети винарницата „Далвина“ во Хамзали.

Откупот на винското грозје во македонските винарници, укажа Коњановски, привршува, а оваа година е една од подобрите во лозарството. Откупната сезона на грозјето, оцени, помина мирно и со заедничко разбирање помеѓу лозарите и преработувачите.

Заменик-министерот за земјоделство ја потенцираше  подготвеноста на винарниците, што годинава од македонските лозари откупиле 160 милиони килограми, а од своите површини набрале 23 милиони килограми винско грозје.

– Интересен е и податокот што годинава е значително намален извозот на винско грозје во соседните земји и е сведен на само 9 милиони килограми, рече Коњановски.

Зоран Пеев, менаџер во винарницата „Далвина“ информира дека деновиве привршува бербата на винското грозје од плантажите на „Агро лозар“.

– Во шест годишното работење на „Далвина“, слободно ќе кажам дека годинава е рекордна, како по квантитет, така и по квалитет. Досега од нашите плантажи имаме наберено 4,4 милиони килограми винско грозје, што ќе биде преработено во квалитетно вино, рече Пеев.

Најголем дел од вината од „Далвина„ се пласираат на пазарите во Кина, Јапонија,  Австралија, Канада и Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП