16 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Land Rover“ го претстави најмоќниот „Defender“ до денес (ФОТО)

„Land Rover“ го претстави најмоќниот „Defender“ до денес (ФОТО)

„Defender Octa“ може да се гледа како одговор на „Land Rover“ на најмоќната „G“ класа на „Mercedes“.

Големата британска „кутија“ наместо сегашната 5.0-литарска V8 опција (525 ks) ја придвижува 4.4-литарскиот V8 мотор на „BMW“ поддржан од благ хибриден систем.

Тоа значи дека можете да сметате на 635 „коњи“ и 800 Nm максимален вртежен момент, кој се распределува на двете оски преку осумстепен автоматски менувач.

Во „Land Rover“ имаат направено многу работа на шасијата, системот за управување и адаптивната суспензија која е прилагодена на споменатиот потенцијал на моторот.

Најмоќниот „Defender“ досега може така да се пофали со минимално надолжно и попречно навалување на каросеријата во динамичен ритам на асфалтни површини, во што помогна пошироката трага од 22-инчни тркала под продолжените браници зад кои сопирачките потпишани од „Brembo“ се скриени.

Во пространата и кожна кабина, која се нуди во неколку бои, се издвојуваат дополнително профилираните предни седишта со интегрирани потпирачи за глава, а верзијата „Octo“ која се нуди и во две нови бои на каросеријата, однадвор се препознава по црниот покрив и црна петта врата.

„Land Rover“ за прв пат ќе го претстави најмоќниот „Defender“ пред јавноста на фестивалот на брзина во Гудвуд, кој започнува на 11-ти јули, а за првото издание (Edition One) треба да одвоите нешто повеќе од 156.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП