25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧукна часот, на ред е ново „Ел Класико“

Чукна часот, на ред е ново „Ел Класико“

BarcelonavRealMadrid

Секогаш битката помеѓу Реал Мадрид и Барселона го привлекува вниманието на фудбалскиот свет. Двата тима одиграа многу натпревари меѓу себе во последните неколку сезони, но сега тие се ставени во интересна ситуација. На чело на тимовите се тренери кои за прв пат ќе се соочат во оваа пресметка – Карло Анчелоти и Херардо Мартино.

Овие нови околности предизвикуваат и големиот интерес за натпреварот, а резултатот е непредвидлив.

Дојде моментот, во кој Херардо Мартино и Карло Анчелоти да внесат нов вкус на „Ел Класико“. Дуелот на хартија е само натпревар од следниот круг на Примера, но всушност ќе биде со исклучително сериозно влијание на психолошки план.

„Овој натпревар е лесен за подготовка. Сите се концентрирани и мотивирани. Проблемот, сепак е во силата на противникот“, изјави Анчелоти.

„Ел Класико“ тргнува по нов пат и надежите се фудбалски спектакл. Главни ликови се познатите Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Уште еднаш фудбалскиот свет ќе го набљудува дуелот меѓу двајцата најдобри. За прв пат напаѓачот на Реал Мадрид е со цели десет гола повеќе од Аргентинецот во една календарска година ( 53:43 ).

Во 2013-та година Роналдо постигна 53 гола во 48 натпревари, а Меси е со 43 погодоци во 42 средби, пишува „Ас“. Ѕвездата на Реал е со подобра ефикасноста и во Лигата на Шампионите. Тој постигнал речиси половина од головите на белите оваа сезона (15 од 31). Освен сето се запиша во последните шест натпревари на  „Кам Ноу“. Во првенството двајцата имаат по осум гола, но Меси пропушти неколку натпревари поради повреда.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП