9 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ се подготвува да го исфрли „X4“ од својата гама

„BMW“ се подготвува да го исфрли „X4“ од својата гама

Нема да има трета генерација на „BMW X4“. Ова го соопшти баварскиот производител и со тоа ги потврди гласините кои се појавија пред извесно време дека „SUV“ купето со средна големина ќе испадне од гамата на марката.

Големиот проблем со „X4“ е што има малку простор за маневрирање во ценовниците на „BMW“. Моментално е сместен помеѓу новиот „X2“, кој порасна во големина, мотори и опрема, и поголемиот „X6“, кој ги задоволува барањата на најпребирливите клиенти. Ова значи дека младите клиенти на марката кои штотуку влегуваат во светот на „BMW“ можат да одат на „X2“, додека оние кои се стремат кон врвот ќе се одлучат за поголемиот „X6“.

Од „BMW“ додаваат дека има и трета варијанта, наменета за оние кои бараат „SUV“ со димензии на „X4“ (должина од 4,70 метри). За нив „идеален“ автомобил ќе биде неодамна прикажаниот нов „X3“, кој во меѓувреме стана поспортски.

Брза споредба на големината помеѓу новиот „BMW X2“ и „BMW X4“, во продажба од 2018-та година и фејслифтиран во 2021-ва година. Новиот „BMW X2“ е долг 4,55 метри во споредба со 4,75 метри за „BMW X4“. Така, меѓу двете има 20 cm разлика, додека во ширина „X4“ – „победува“ за само 7 cm, а во висина – за 3 cm.

Точните димензии на „BMW X2“ се всушност 4,55 метри во должина, 1,84 метри во ширина, 1,59 метри во висина и 2,69 метри во меѓуоскино растојание. „X4“ има должина од 4,75 метри, ширина 1,91 метри, висина 1,62 метри и меѓуоскино растојание 2,86 метри. Волуменот на багажникот за помалиот модел е 495-560/1400-1470 литри и 525/1430 литри за поголемиот.

Во однос на моторите, сè уште има одредена разлика во моќта и опремата помеѓу „X2“ и „X4“, но новата втора генерација на помалото купе „SUV“ сега може да ја задоволи секоја побарувачка, дури и оние кои бараат 100% електрична верзија. Кај „X2“ моќноста на моторите варира од 150 до 300 ks, додека кај „Х4“ овие индикатори се од 184 до 340 ks. Сепак, постои и „М“-верзија – „X4 M Competition“, која развива 525 ks.

Тоа значи дека новиот „BMW X2“ успева да покрие широк спектар на потреби, особено за оние кои сакаат поголем избор. Од друга страна, разликата во цената помеѓу „X2“ и „X4“ е поголема, при што најкомпактниот „SUV“ почнува од 47.750 евра, а поголемиот има основна цена од 66.550 евра.

Во исто време, прегледот на продажбата на премиум „SUV“ купеа во 28 европски земји покажува дека лидерот во сегментот „Mercedes-Benz GLC Coupé“. Продадени се 19.713 единици од него за првите 5 месеци од годината (раст од 46% за една година). На второ место е „Audi Q5 Sportback“ – 7.128 единици (-48%), а на трето е „BMW X4“ – 6.760 (0%).

Меѓу ривалите на „X4“ може да се наведат уште неколку „чисти“ модели „SUV“, односно немаат облик на купе. Тоа се „Porsche Macan“ со 11.038 продажби (+3%), како и „F-Pace“ (5.578 единици, +47%), „Range Rover Velar“ (4.743 единици, +15%) и „Maserati Grecale“ (1.805 единици, -36%)).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП